Научник „супер херој“ влезе во едно од најрадиоактивните места во светот – за да се качува по кулите на одбранбениот противракетен систем, да ја гризат „радиоактивни“ мравки и да јаде загадени јаболка кои пораснале во близина на епицентарот на Чернобилската катастрофа. Девојката позира од контролната просторија на реакторот – пркосејќи им на властите кои велат дека луѓето не би можеле да живеат таму најмалку во следните 20.000 години.
Анонимната девојка привлекла илјадници следбениви на нејзиниот Јутјуб канал, прославувајќи се со нејзината посета на местото кадешто пред 29 години се случи уништувачка нуклеарна експлозија. По катастрофата, градот бил напуштен и затворен за светот, а украинските научници тврдат дека таму луѓето не би можеле да живеат барем уште 20.000 години. Но и покрај овие предупредувања, оваа авантуристка тврди дека се изложила на уште повеќе радијација пливајќи во морето и посетувајќи ја болницата – и вели дека за време на нејзините шест посети најмногу се чувствувала исплашено кога опасно се приближила до една побеснета лисица и кога чекорела покрај напуштените згради.
Жената која на својот канал се нарекува „Bionerd“ не сака да го открие својот вистински идентитет, бидеји „никој не треба да му се восхитува на научникот, туку на неговото дело“, како што истакнува таа. „Првин го правев тоа во научни цели, за да ја измерам радијацијата, загадувањето и сл. Но сега веќе се работи за љубов кон местото. Никој кој го нема видено местото не може да го разбере тоа, многумина ќе мислат дека ова е лудо. Но ако сте биле тка и сте ја доживеале зоната таква каква што навистина е – како временска капсула – ќе разберете.“
Во недела беше одбележана 29-годишнината од нуклеарната катастрофа која сѐ уште се смета за најголемата катастрофа на нуклеарна централа во историјата. При несреќата загинале 31 лице, но сѐ уште се испитува како тоа се одразило долгорочно врз населението кое живее во близина.