Ирската уметница Нуала О`Донован изработува интригантни рачно изработени порцелански форми коишто потсетуваат на фракталните обрасци кои можат да се видат во природата. Позајмувајќи од формите на корали, магарешки трн и шишарки, О`Донован ги истражува не само обрасците, туку и неправилностите кои се јавуваат при случајни и неочекувани настани. Како што изјавува таа:
Резултатот од употребата на карактеристиките на фракталната геометрија при донесувањето решение за обликот на скулптурното дело е во тоа што формата се разрешува но останува чувството на можна промена. Набљудувачот се ангажира со делото дозволувајќи неговото сопствено визуелно искуство да влијае врз исходот на формата и идните можности. Се надевам дека оваа гледна точка на мојата уметност исто така го евоцира минливиот квалитет на живите организми, комбинирајќи ги трагите на историјата – минатото, сегашноста и иднината, во обрасци коишто ги сочинуваат нивните површини и форми.
О`Донован има закажано серија изложби за 2015, а досега изложувала за познати куќи во Обединетото Кралство и САД.