Звучи премногу добро за да биде вистина, но верувале или не ова работно место постои. Оваа работа е вистински рај и задоволство за љубителите на животните, а освен тоа нуди и одлична заработка.

MUTTS Canine Cantina, бар и ресторан во Далас, Тексас, им дозволува на нивните гости со себе да си ги земат кучињата, а сега бараат вработени за работното место „забавувач на кучиња“ за кое луѓето ќе бидат платени 100 долари од час.

Како што сугерира и името на ресторанот работното место вклучува играње со кучиња. Во соопштението за медиумите од ресторанот, специфичниот опис на работното место вклучува играње со кучиња на клиенти, надгледување на нивните мали и големи кучиња и дужење со сопствениците на кучињата.

Освен плата вработените ќе имаат бесплатна храна и појалоци во MUTTS Canine Cantina.

„Едвај чекаме да го пработиме првиот забавувач на кучиња. Не постојат многу можности кои им налагаат на практиканти строго да се играат со кучиња цел ден. Типично, може да има и други одговорности кои доаѓаат со работата, но не и тука. Би ве излажал доколку би кажал дека ова ќе биде тешка работа.“, изјавил сопственикот на MUTTS Canine Cantina, Кајл Нунан.

Дали би сакале да работите тука?

Сподели на Facebook
пати видено