Доколку во новата година желбата ви е целосно да го смените животот и да го прошетате светот, тогаш универзумот ве слушнал! Авиокомпанијата Southwest Airlines нуди неверојатна можност. Да патувате низ светот сосема бесплатно.

Тие бараат инфлуенсери на социјалната мрежа Инстаграм кои сакаат да раскажуваат приказни и содржина за патувања и да ги мотивираат другите да патуваат низ светот. Водечките кандидати ќе добијат неверојатна можност за бесплатно патување. Ова е доволно за да станете туристичка ѕвезда и да отворите ново поглавје во вашиот живот.

За да учествувате во овој натпревар, треба да имате минимум 2.500 следбеници на Инстаграм. Можеби мислите дека ова е премногу. Но, сепак тешко е да се влијае на луѓето низ светот доколку имате само 100 луѓе кои го следат вашиот профил, зарем не?

Ако сѐ уште верувате дека оваа приказна е за вас, крајно време е да дејствувате. Прво мора да станете следбеник на Southwest Airlines (@southwestair). Откако ќе се направите ова, споделете фотографија и наслов што раскажува приказната за патување. Не заборавајте да ги вклучите hashtags #SouthwestStorytellers и #contest и да споменете @Southwestair во насловот.

Оваа задача мора да биде завршена до 24 февруари. Првите 100 кандидати ќе бидат објавени на 11 март. Натпреварот се состои од 3 задачи. Ако станете еден од најдобрите 100 учесници, ќе бидете поканети на вториот чекор. Ќе треба да пополните анкета за вашето искуство како социјален инфлуенсер и да објаснете зошто сте идеален кандидат за оваа можност.

И ако го положите овој дел, ќе бидете избрани за последниот круг. Во последната фаза ќе се натпреварувате со 9 други лица. Последната задача е да објавувите портфолио врз основа на креативен запис од Southwest Airlines.

Главната награда е над 20 патувања низ светот, а и останатите натпреварувачи ќе добијат утешни награди. Дали би сакале ова да биде вашето „работно место“?

Сподели на Facebook
пати видено