Газдата на Кока Кола му се јавува на Путин и го прашува:
– Г-н Путин, има ли можност да си го вратите старото знаме на СССР – тоа црвеното со срп и чекан на него? И ако може, во долниот десен агол, така многу дискретно да стои логото на Кока Кола?
– Пааа… во принцип може – одговорил Путин – Само ќе биде скапичко!
– Колку? – со нетрпение прашале од Кока Кола.
– Пааа… од 15-20 милијарди долари.
– Ги имаш!
– Добро, само да размислам на кратко како да го изведеме и ќе ти се јавам.
Затвора Путин и веднаш му ѕвони на Медведев:
– А бе Медведев, памтиш ли кога ни истекуваше договорот со Аквафреш?