На прв поглед, се чини како да е воено возило како и секое друго. Но, наводно руските воени шефови откриле за новиот дострел во руското вооружување – дека се работи за мамки на надувувување. Баталјоните на надувување биле дизајнирани така да ги залажат сателитите и шпионските летала да мислат дека руските сили се помоќни отколку што навистина се.

„Ако ги проучувате големите битки во историјата, ќе видите дека секогаш победува итроштината“, вели Алексеј А. Комаров од Русбал, компанија за балони која исто така го снабдува и руското Министерство за одбрана со тенкови, авиони и лансери на проектили – сите на надувувување, известува Њујорк Тајмс. Мамците, направени од специјален материјал, се дизајнирани да изгледаат реалистично до далечина од 274 метри, за потоа да исчезнат за неколку минути.

Тенкот Т-80, еден од стандардните производи на оваа компанија, тежи 70 килограми, чини над 16 000 долари и се испорачува во две вреќи. Може да се надува и да се издува за околу пет минути. Руските нови сили вклучуваат тенкови, S-300 камион за исфрлување проектили, МИГ авиони и цели радарски станици. Производителот Русбал соработувал со руските воени сили од 1995 година, но одбиле да кажат колку вакви модели произвеле и продале до сега.

rs01 rs02 rs03 rs04 rs05 rs06 rs07 rs08 rs09 rs10 rs11 rs12 rs13

Сподели на Facebook
пати видено