Млад дечко влегува во продавница да купи цигари.
Продавачката му ја дава кутијата цигари, но тој по малку време пак доаѓа и вели:
– Извинете дали може да ми ја замените кутијата, оваа се срамам да ја оставам на маса.
– Зошто да се срамите?
– Па на кутијата пишува „Пушењето предизвикува сексуална дисфункција и импотенција“ …дајте нешто со „Рак“ ако има…