Човекот со големо срце има 62 години, живее во градот Канаи, работи како мајстор за поправка на камери и троши скоро половина од својата заработувачка на храна за своите пердувести пријателчиња.
Започнал да ги храни птиците пред 10 години, после цунамито, кога 2 диви папагали долетале во неговиот дом. Оттогаш нивниот број станувал се поголем и поголем. Сега секој ден станува во 4 наутро за да подготви храна за неговите пријателчиња.
„Јас немам ништо друго во животот освен овие 4000 птици“ – вели 62-годишниот птичар со големо срце.