Многу работи се променија со развојот на технологијата, вклучувајќи ги односите меѓу луѓето. Понекогаш ни изгледа дека во минатото работите беа поедноставни, но за жал не можеме да го вратиме минатото.

Сепак можеме да создадеме сегашност за која отсекогаш сме сонувале.

Француско отсуство

Заминување без да се каже збогум е нов модерен концепт кој се случува се почесто. Нема кавги и драма, туку личноста со која сте мислеле дека сте заедно полека исчезнува од вашиот живот, оставајќи ве да се прашувате „Зошто?“.

Дух

Духот е малку поразличен од „француското отсуство“ бидејќи оваа личност исчезнува од вашиот живот за многу краток временски период, најмногу 72 часа откако сте се запознале. Тука нивното заминување нема никаква врска со вашите постапки и најдобро е повеќе да не ја барате оваа личност.

Играње криенка

Многу луѓе сметаат дека порано во врските сѐ беше јасно од самиот почеток. Денес луѓето често ги комплицираат работите и ги држат чувствата во себе и не можат да сфатат што се случува со нив, иако врската трае неколку години.

Многу важна личност

Знаете дека ѝ се допаѓате на одредена личност, но таа секогаш е „зафатена“ и нема време да се види со вас. Тие го следат правилото: „Доколку сакате некој да ве посакува, игнорирајте го.“ Но овие луѓе претеруваат со изгорирањето и наскоро втората личност ќе изгуби интерес.

Резерва

Многу е непријатно и навредливо кога некој ќе ве чува во својот живот „за секој случај“. Ви се дава надеж за вистинска врска сè до моментот кога нема други опции. Но, откако ќе се појави оваа нова опција, сè што можете да направите е да чекате вашиот сакан/а повторно да се ослободи. На овој начин партнерот живее исполнет живот, а вие сте во вечен режим на чекање.

Навлекување

Современиот поим „breadcrumbing“ се појави благодарение на социјалните мрежи. Скоро сите сме го направиле ова барем еднаш. Ќе ставите лајк или ќе пишете на некоја личност, на која знаете дка ѝ се допаѓате, само за да ѝ дадете надеж за можна врска која нема да се случи.

Пријателска-зона

Овој термин е познат подолг временски период. Пријателот/ка долг период ја гледа саканата личност како ужива во убавите моменти, но не ги открива своите чувства.

Жртва на сопствен договор

Ова се однесува за луѓето кои се во врска, но не се среќни. Тие активно бараат друг партнер, но не ја напуштаат моменталната врска поради страв од осаменост.

Драма

Ова се однесува за врските во кои партнерите постојано раскинуваат и повторно се помируваат. На овој начин тие се обидуваат да си ги вратат чувствата од минатото.

Пријатели со бенефиции

Пријатели со бенефиции се оние луѓе со кои можете да ја поминете ноќта без понатамошни обврски. Лошото тука е што пријателството повеќе никогаш нема да може да се обнови.

Брзи состаноци

Денес има безброј апликации кои ги спојуваат луѓето за секс без обврски. Иако ова изгледа ккао ефективен начин да се реши моменталната осаменост, по ваквите состаноци личноста се чувствува „празна“ и уште повеќе осамена, затоа што нема важна личност во животот.

Страв од осаменост

Иако многу луѓе не сакаат да се во врска и не чувствуваат потреба од неа, сепак се чувствуваат нецелосно кога немаат партнер.

Сподели на Facebook
пати видено