Основниот концепт зад селфи фотографијата – автопортретот – не е нов. Луѓето се фотографирале себеси пред огледало или стоејќи на интересни места уште при измислувањето на камерата. Разликата е единствено во тоа што денес полесно се прават. Еве неколку историски селфи фотографии од минатите времиња.
Првото селфи
Се верува дека првиот автопортрет со камера е направен во 1839 година од Роберт Корнелиус, аматерски хемичар и фото-ентузијаст од Филаделфија.
Џозеф Бајрон
Автопортрет на фотографот Џозеф Бајрон во Њујорк, 1909 година. Бајрон е основач на фотографското студио Бајрон Компани, едно од најпознатите комерцијални фотографски студија во САД.
Кнегињата Анастасија
Автопортрет на руската кнегиња Анастасија во 1914 година.
Стенли Кјубрик
Селфи на Стенли Кјубрик за списанието ЛУК, во 1940 година.
Селфи на семејството на Џеки Кенеди
Џеки Кенеди, нејзиниот сопруг Џон, и золвата Етел во селфи со огледало во 1954 година. Оваа фотографија е меѓу збирката на семејни фотографии на семејството Кенеди кои биле откриени и дадени на аукција во 2013 година.
Џорџ Харисон кај Таџ Махал
Џорџ Харисон, член на легендарните Битлси, бил голем љубител на селфи, правејќи ги на најразлични локации за време на неговите патувања насекаде низ светот. Една од неговите селфи фотографии кои станаа особено познати е неговото селфи пред Таџ Махал во Индија, во 1966, со кружна леќа.
Баз Олдрин и првото вселенско селфи
За време на мисијата Гемини 12 во 1966, Баз Олдрин го направил првото вселенско селфи. За разлика од другите астронаути кои додека се наоѓале во орбитата или на површината на Месечината ја сликале Земјата, Олдрин сакал да се фотографира себеси, трудејќи се да ја фати и планетата во снимката.
Селфи на роверот Кјуриозити на Марс
НАСА ја продолжува традицијата на вселенски селфија до ден денес, при што дури и роверот Кјуриозити пратил своја селфи фотографија од површината на Марс во 2012 година, првото селфи од друга планета.
Првото селфи на Џо Бајден
Можеби не е првото селфи на сегашниот претседател на САД, но потпретседателот Џо Бајден го снимил неговото прво селфи со претседателот Обама во април 2014 година.
Мајмунско селфи
Дури и животните можат да се најдат на селфи, при што најпознатиот пример е ова мајмунско селфи кое кружеше по интернет во 2014 година. Фотографијата на макаки мајмунка поттикна доста контроверзи, бидејќи сопственикот на фотоапаратот се обидел да докаже дека тој го поседува авторското право на фотографијата, со што не се согласувале Википедија и останатиот интернет.