Научниците се на работ до голем пробив во медицината со кој на слепите ќе им го вратат видот така што ќе праќаат слики во мозокот премостувајќи ги очите како орган за вид. Во првиот експеримент, хирурзите вградиле чип за визуелно симулирање во мозокот на 30-годишна жена. Пациентката, која седум години била целосно слепа, видела светлини во боја, линии и други облици кога на нејзиниот мозок му биле праќани сигнали од компјутер.

bo01

Нејзините доктори сега планираат да ѝ пратат снимка од минијатурна видео камера, со што би се создало првото бионичко око, можност за враќање на видот за милиони луѓе ширум светот. Оваа технологија ги премостува очите, што значи дека има потенцијал да го поврати видот дури и на луѓето кои ги изгубиле очите или биле ослепени од тешки болести како рак.

bo02

За време на шест недели тестираењ, пациентката постојано ги гледала истите сигнали кои научниците ги праќале на нејзиниот визуелен кортекс, дел во мозокот вообичаено прима сигнали од оптичкиот нерв. Докторите од Калифорнискиот универзитет во Лос Анџелес чекаат одобрение од американските власти да го поврзат системот во камера која би се носела во пар очила, која потоа би праќала визуелни сигнали директно во мозокот.

Д-р Надер Пуратиан, кој ја извел операцијата изјавил: „Мигот кога таа за првпат виде боја беше многу емотивно искуство. Длабоко нѐ трогна сите нас како човечки суштества. Врз основа на овие резултати, системот има потенцијал да го поврати видот на слепите луѓе.“

Сподели на Facebook
пати видено