Слонот Гајрај служел како туристичка атракција во хиндуистички храм во Индија цели 50 години пред да биде ослободен. Гајрај страдал од болни апсцеси и делумно слепило пред да биде спасен. Исто така врвовите на неговите две коски биле грубо исечени.
Слоновите во хиндуистичките храмови се купуваат од мали и засекогаш остануваат во храмот и се користат во церемонии и како атракција за туристи. Гајрај исто така бил земен кога бил мал, го тепале и малтретирале се додека не станал послушен и тој бил затворен во едно место 58 години.
Неговата сопственичка „кралицата на Аунд“ била убедена да го предаде на „тимот за ослободување на Гајрај“ составен од 12 луѓе, вклучувајќи ветеринари, возачи и ракувачи со слонови. Сепак тие пристигнале со полициска заштита. Во почетокот мислеле дека селаните се тука за да се збогуваат со него, но наскоро ситуацијата се вжештила.
500 лути селани го блокирале патот и го нападнале тимот со камења и стапови. „Имаше многу драма и лутина кога се приближивме. Слонот беше вознемирен од гласната и насилна толпа. Зошто локалците не би сакале да биде спасен?“, изјавил Катрик Сатјанарајан од „Wildlife SOS“.
Гајрај сега ќе добие специјална геријатриска нега и од денот на спасувањето ужива во бањањето во кал и јадење на вкусно овошје во неговиот нов дом во Матхура, Индија. Ветеринарот д-р Јадрај Каппекар изјавил: „ Го започнавме третманот веднаш штом влезе во амбулантата. Ние го отстранивме гнојот од абсцесите на колкот. Тој беше смирен и соработуваше за време на третманот “.
„На овие фотографии може да се види скршено, злоупотребувано, повредено и болно животно во ужасна психичка и физичка состојба.“, изјавил извршниот директор на „Wildlife SOS“ Данкан МекНаир.