Секој сака да остави добар впечаток на првиот состанок, но некогаш работите не одат во наша полза. Тоа може со сигурност да го потврди девојката која се заглавила во прозорецот додека се обидувала да си го земе сопствениот измет, по што момчето морало да викне пожарникари и секако сето тоа на првиот состанок.

Девојката била на прв состанок со струдентот од Бристол Лиам Смит, со кој се пронашле на Тиндер. Таа влегла во тоалетот и решила да се олесни, а кога изметот не можел да помине низ ВЦ школката, девојката го земала и го фрлила низ прозорецот. Но, наместо изметот за заврши во градината тој останал заглавен во тесен јаз одделен со друг двојно застаклен прозорец.

„Имавме убава вечер. Вечеравме пилешко во еден добро познат ресторан, испивме неколку пива и се вративме во мојот стан за вино и некој филм.“, вели Лиам Смит. Тој вели дека девојката откако излегла од тоалетот имала „испаничен израз“ на лицето и му раскажала што се случило. Лиам тргнал да најде чекан за да го скрши прозорецот, но во тоа време девојката ги протнала рацете и главата за да го земе изметот.

Таа успеала да го дофати изметот со кеса и да му го подате на Лиам да го фрли во тоалетот, но потоа не можела да излезе од прозорецот и тука интервенирале пожарникарите. Бидејќи Лиам имал ограничени средства, а пожарникарите морале да го скршат прозорецот тој ја објавил приказната за да собере пари за нов прозорец. Иако му биле потребни околу 350 евра, тој успеал да собере над 1.200 евра и тој и девојката решиле да ги донираат во хуманитарни организации, една била во рамките на противпожарната служба а другата била организација за изградба на канализација во неразвиени земји.

Лиам изјавил дека и покрај инцидентот тој ќе продолжи да се гледа со девојката затоа што пред да се случи „ситуацијата“ тие навистина си поминувале убаво. Тој не сакал да го открие името на девојката поради деликатноста на ситуацијата.

Сподели на Facebook
пати видено