Во 2009 година 67 лицата со хендикеп пријавиле сексуално злоупотребување од група свештеници. Тие биле деца, ученици во Проволо Институтот во Верона, религиозен институт за глувонеми лица. Италијанското судство ги сметало сите злосторства како застарени и никогаш не отвориле истрага. Дури и откако се појавиле снимки на кои свештеникот Дон Пиколо ги потврдува сите негови злосторства и на неговите колеги, жртвите не ја добиваат долго посакуваната правда.
Луѓето кои како деца живееле во институтот раскажуваат како биле злоставувани и содомизирани од страна на свештениците, почнувајќи од деца на возраст од само 6 години. Се верува дека злоупотребата продолжила сѐ до пред неколку години. Сите жртви биле глувонеми деца и поради нивниот хендикеп не можеле да раскажат за силувањата. Денес благодарение на технологијата, некои од нив можат да зборуваат и да ги раскажат нивните страшни приказни, за ужасот кој го преживеале.
Голем дел од свештениците кои ги ивршувале овие грозоморни дела починале или се преместени во Аргентина. Дон Пиколи живее како гостин во сместување обезбедено од Ватикан во Неграр во близина на Верона и тој е еден од сѐ уште живите свештеници кои ги силувале децата. Тој во интервју ги признава грозоморните дела, додека лежи на смртна постела.
Кога го прашуваат дали гласините за Проволо Институтот се точни тој вели дека дел се точни, а дел не и признава дека имало сексулано злоставување. Тој дури и низ смеа раскажува како свештеникот задолжен за физичко ги заклучувал децата во соблекуваните и само ги злоупотребувал.
„Имаше еден свештеник, се викаше Орсо Сергио, тој им предаваше физичко на глувите деца. Внатре во соблекувалната кога момчињата се пресоблекуваа тој им велеше ‘Заклучете ја вратата’, тогаш тој ги тераше да ги соблечат пантолоните…исто така ги допираше нивните пениси. Тие допираа, мастурбираа. Тој беше слаб, што можеше да направи?“, вели чудовиштето Дон Пиколи.
Свештениците кои биле разоткриени дека злоставувале деца биле префрлени од Италија во Аргентина. За ситуацијата да биде уште пострашна тие продолжиле да злоставуваат деца и во Аргентина и нивните жртви од таму му пишувале писма на Папата, кој им се извинил и им рекол да се молат. Исто така се верува дека заедно со свештениците во злоставувањето учествувале и калуѓерките кои им ги носеле групите на глувонеми деца кај нив, во овој случај девојчиња.
Пиколо воопшто не чувствува вина и злоупотребата ја смета за шега, тој вели: „Машко со машко беше шега, сепак со жена станува поопасно. Што е грев? Да се забавуваш со злото, да се задоволуваш со злото. Но ако правиш нешто вакво од потреба и шега, е во ред.“ Тој ги набројува имињата на неговите „колеги“ кои исто така ги извршувале девијантните дела и сетоа тоа го зборува со леснотија, па дури го смета и за фалба.
Жртвите од Италија и Аргентина најверојатни никогаш нема да ја добијат правдата која ја заслужуваат, сепак нивната приказна е слушната во целиот свет и останува надежта дека наскоро ќе може да се искорени злоупотребата од свештениците.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!