Индијката Харнаам Каур се појави во јавност рекламирајќи ексклузивен, екстравагантен накит наменет за славни личности меѓу кои и Мадона и Лејди Гага.
Девојката страда од полицистични јајници, поради што на нејзиното лице расте бујна брада. Влакна на лицето на Харнаам се појавиле на 11 годишна возраст. Таа на почеток се трудела да ги отстрани, но на 16 годишна возраст решила да се сака онаква каква што е. Уште од дете Харнаам сонувала да стане манекенка, а за да си го оствари сонот ѝ помогна дизајнерката Мариана Арутјонјан. Девојката се нарекува себеси „дама со брада“ и вели дека нема намера да ја отстрани брадата, затоа што таа и дава сила и ѝ служи како доказ за разликите на луѓето едни од други.