Ви треба ново тело? Навалете ја главата малку за да прочитате за првата трансплантација на глава. Валериј Спиридонов е подготвен да заземе нечие друго тело. При крајот на 2014, Д-р Серџо Канаверо му објави на светот дека наскоро ќе биде возможно и пресадувањето на човечка глава, и дека тој би можел да биде првиот човек што ќе го изведе тоа.
Воодушевен од замислата да најде подобро тело за својата глава, триесет-годишниот Валериј Спиридонов со трајна неподвижност поради вродената мускулна атрофија, за Дејли Мејл изјавил дека би сакал да биде првиот врз којшто ќе биде изведена оваа операција.
„Дали се плашам? Се разбира дека се плашам“, вели триесетгодишниот Русин. „Но, не само што е многу страшно, туку е и многу интересно. Науката се развива благодарение на тие кои се подготвени да ризикуваат и кои ѝ се посветуваат.“
Во седумдесеттите веќе бил направен обид за пресадување на глава врз мајмуни од страна на д-р Вајт, човек кој упорно истражувал најдевајќи се дека еден ден ќе може да ги оперира Стивен Хокинг и Кристофер Ривс. Мајмуните биле парализирани од вратот надолу и не можеле самите да дишат бидејќи нивните спојувањето на `рбетниот мозок било неуспешно, но им биле зачувани сетилата за вид, слух, вкус и допир. Мајмуните умреле девет дена по операцијата.
Сега лудиот Канаверо продолжува таму кадешто застанал Вајт, но овојпат со „магичната состојка“ полиетилен гликол, којашто ќе ја употреби за спојување на `рбетните мозоци. Исто така, тој инсистира неговите први пациенти да страдаат од мускулна атрофија, што Спиридонов го прави совршен кандидат.
Д-р Канаверо го објаснува процесот на пресадување глава на TEDx Limassol.
А еве ги грозните детали како би се извело тоа:
Првин истовремено се пресекуваат `рбетните мозоци на пациентот и на донаторот. Потоа, главата се спојува со телото на донаторот со помош на полиетилен гликол и се шијат мускулите и вените. Потоа новиот човек се подложува на медицинска кома во траење од четири седмици, за да има време да закрепне, по истекот на коишто ќе може целосно да се разбуди и да може „да се движи, да го чувствува лицето, па дури и да зборува со истиот глас.“ Се разбира, критичарите мислат дека докторот и пациентот малку си ја залетуваат главата в ѕид. Според д-р Хант Батџир, претседател на Американската асоцијација на невролошки хирурзи, процедурата е невозможна.
„Не би му го посакал ова на никого“, изјавил Батџир за Си Ен Ен. „Не би дозволил на никого да ми го направи тоа. Сепак има многу полоши нешта од смртта.“
Но, Спиридонов сепак не ја губи надежта.