Досега непозната пирамида налик на египетските била најдена во оддалечена област во казахстанските степи, на некои 6700 километри од Каиро. Градбата сега во основа е рушевина, но се верува дека изгледала како прочуената Џосерова пирамида во Египет, но дека била изградена околу 1000 години порано од неа.
Археолозите ја откриле минатата година, но досега го чувале нивното сензационално откритие во тајност. Допрва претстои да се истражи една неотворена погребна комора во нејзиниот комплекс.
„Таа била изградена пред 3000 години во Сарјарке за некој локален `фараон`, водач на локално моќно племе од доцнобронзената епоха“, вели археологот Виктор Новоженов. „Работата на главната погребна комора ќе отпочне за некој ден. Сите наоди ќе бидат дадени на археолошкиот музеј на Државниот универзитет Караганда.“
Сликите од тоа што Новоженов го нарекува „сензационално откритие“ покажуваат артефакти кои веќе се откопани на локалитетот, како и контурите на основата на пирамидата. Откритието било направено од специјалисти од археолошкиот институт Сарјакински во Гараганда, под водство на Игор Кукушкин.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.