Нашиот неуспех да ја прифатиме идејата дека човечкиот животен век сега е подолг од било кој период во човечката историја ја ограничува нашата способност да уживаме во него, вели познат академик. Руди Вестендорп, од Универзитетот на Копенхаген, тврди дека нашиот начин на размислување ни попречува да се прилагодиме на зголемувањето на животниот век кој наскоро ќе ја премине границата од 100 години.

Не само што не го препознаваме тоа, туку се обидуваме да се помириме со верувањето дека имаме ограничен број на отчукувања на срцето и дека нашите тела не можат да се обноват кога ќе се истрошат.

st

Во неговата книга „Стареење без да се чувствува стар: за виталноста и стареењето“, тој пишува: „Погрешно е да се мисли дека можеме да ги земеме животните приказни на нашите родители и баби и дедовци како образец по кој нашите животи би требало да се одвиваат.“

Додавајќи дека првата личност која доживеала возраст од 135 години веќе е родена, тој пишува: „Кои родители едноставно би слегнале со рамениците на веста дека нивниот син или ќерка не успел да го помине одделението и дека ќе повторува година на училиште?

Раширеното верување околу пензионирањето и за тоа со што можат, а со што не можат да се справат нашите тела е застарена реликвија од минатиот век, кога животниот век бил драматично помал“, вели тој.

Според проценките на истражувачи од Велика Британија, животниот век со секоја генерација ќе се зголемува за шест години, што се должи на унапредувањето на општото здравје, како и на подобрата медицинска грижа. До 2030 година, повеќето жени во Британија ќе доживеат 90 години, додека мажите во просек ќе живеат до 85 години.

Сподели на Facebook
пати видено