Како што бројот на дневните корисници на Фејсбук секојдневно се зголемува, очекувано расте и бројот на луѓе кои на еден или друг начин се „приковани“ за омилената социјална мрежа. Ретко кој би признал дека е зависен од Фејсбук, но има показатали кои и тоа како го потврдуваат тој факт. Еве десет такви знаци.
1. Очајнички барате лајкови
Фејсбук е место на кое многумина бараат внимание, а кога ќе останат ускратени за десетина или стотици „лајкови“, вообичаено се разочарани. Но, Фејсбук со сигурност не е место на кое би требало да барате доказ за вашата сопствена вредност.
2. Играте игри по цели денови
Фармвил, Мафијашки војни, Зинга покер се само некои од игрите кои пружаат разонода на Фејсбук. Не наоѓате ништо чудно во тоа да се потрошат неколку часа на игри или дури – целото осумчасовно работно време.
3. Се трудите околу профилната слика
Иако сликата кажува повеќе од илјада зборови, трудот кој го вложувате околу уредувањето на профилната слика или честа промена на истата многу зборува за вашиот „однос“ со Фејсбук. На пример, ако ви треба еден час за да ставите профилна слика, тоа се првите знаци на зависност од Фејсбук.
4. Непрестано објавување статуси
Многу луѓе секојдневно нѐ известуваат за своите активности. Што јаделе, каде биле, што купиле и што пиеле. Ни откриваат многу детали од нивниот живот за кои е прашање дали воопшто би сакале да знаеме.
5. Изразување на фрустрациите
И додека на некои им служи главно за забава, има корисници кои во Фејсбук гледаат совршена прилика за изфрлување на најразлични видови фрустрации. Некој низ лутина ќе се осврне на некоја заплеткана емотивна ситуација, додека друг ќе приговори за високите цени во рестораните.
6. Ставате статуси место да сте со вашите пријатели
Додека вашето друштво прави скара во природа или игра фудбал на сонце, вие сте затворени во своите четири ѕида. Ставате статуси, влегувате во расправи, полемизирате со вашите виртуелни пријатели…Сигурно има и подобри начини да го пополните вашето време.
7. Користите Фејсбук и надвор
Ако не се одвојувате од вашиот мобилен дури и кога сте во автобус, на концерт или во кино, тоа би можеле да бидат знаци на зависност.
8. Ги проверувате луѓето преку Фејсбук
Откако сте стекнале нов Фејсбук пријател, минувате часови и часови во пребарување и разгледување на неговиот профил. Уште како тука има и многу фотографии, ќе потрошите многу време ѕиркајќи во туѓите животи.
9. Онлајн комуникација
Ако после некое определено време чатовите, лајковите, споделувањата и коментирањата ви станале главно средство на комунијација, запрашајте се колку тоа е здраво за вас. Одговорот гласи – ни најмалку. Секогаш е подобро да се најдете очи в очи со личноста отколку да комуницирате со помош на мрежата.
10. Очајнички барате нови пријатели
Некои се оптоваруваат со бројот на пријатели, па така во желба да го зголемат истиот, често пати се „спријателуваат“ со луѓе коишто воопшто не ги познаваат.