Рамен, цврст и затегнат стомак често се смета за предуслов за совршено обликувано тело. Сепак, оние што се впуштаат во таков поход знаат дека симнувањето на масните наслаги од подрачјето на стомакот е најтешка мисија. Може да поминувате часови во теретана, или, пак фитнес центар, а сепак да не го доведете стомакот во форма по каква што копнеете. Причината е едноставна. Исцрпувачките и напорни вежби не се единствен фактор за совршен стомак. Битна улога игра и правилната исхрана.

Се смета дека избалансираната исхрана е од клучна важност за стомак од соништата. Поради тоа, доколку посакувате убав и затегнат стомак, пред сè треба да го промените начинот на исхрана. Најдобро е во вашето секојдневно мени на исхрана, да вклучите намирници што содржат протеини, затоа што тие директно влијаат во формирањето мускули во целото тело, па така и во подрачјето на стомакот.

Најголемиот производител на леб и брашно во земјава, Жито Лукс, неодамна на пазарот во Македонија пласираше нов производ, што соодветно одговара на потребите на поборниците за здрав живот и правилна исхрана. Токму овој производ, Протеински леб, е совршената намирница што треба да ја вклучите во вашето дневно мени и да ја изберете за најверен сојузник за здрава и избалансирана исхрана.

Она по што се разликува Протеинскиот, од останатите видови леб, е големото количество протеини и малото количество шеќери. Освен тоа, збогатен е со црн и бел сусам, ленено семе и семки од тиква кои покрај тоа што го доближуваат вкусот до совршенство, го збогатуваат и нутритивниот состав на лебот. Покрај разновидните семиња, лебот е збогатен со протеини од грав од каде што се добива протеинската вредност, а со тоа овој леб е погоден и за вегетаријанци и вегани, и секако, за сите оние кои водат грижа за правилна и здрава исхрана.

Сподели на Facebook
пати видено