Вообичаено луѓето не ги сакаат многу ограничувањата, бидејќи ги разбираат како пречка којашто треба да се надмине или заобиколи. Но, некои од најкреативните и иновативни идеи во уметноста и технологијата се инспирирани токму од ограничувањата. Дизајнерите од „PKMN Architectures“ го следат овој пример, создавајќи нешто достојно за восхит. „Куќа-сѐ што имам на едно место“ е името на револуционерниот станбен дизајн кој овозможува и помалиот простор да биде функционален, практичен и повеќенаменски.

Ова е домот на Јоланда Р. Пила во Мадрид, Шпанија. Се работи за еднокатна куќа со прекрасна градина, која Јоланда ја наследила од нејзината баба.

st01

Преку овој иновативен дизајн, една од собите сега добива дополнителен простор.

st02

Ова е овозможено од едноставниот лизгачки ситем на „Hepcomotion“.

st03

st04

Јоланда има свое студио наречено „Ерепила“, специјализирано за графички дизајн и комникација. Со мало поместување на елементите, се отвара простор со масичка, погоден за разговор со други уметници и дизајнери.

st05

Со друго поместување се отвара комплетна кујна.

st06

Најважното за еден стан – место за спиење – исто така добро обмислено. Овој дизајн вклучува и француско легло, сместено во еден од елементите.

st07

И погледнете го сето тоа во акција:

Сподели на Facebook
пати видено