Еден прост човек слушнал дека продаваат некакви модерни панталони, наречени фармерки. Отишол во еден поголем град, влегол во бутик и си купил едни фармерки. И веднаш уште во бутикот ги соблекол старите панталони и почнал да ги облекува новите.
Продавачката изненадена извикала:
– Ама како така без гаќи!?
– А што е тоа гаќи?
– Тоа се облекува под фармерките, не може без него. Хигиенски е и плус те топли – објаснила таа.
Си купил човекот и едни гаќи и си отишол дома.
На празникот на неговото родно место, тој решил да си ги облече фармерките и единствените гаќи и да се прави чалам. Се средил и излегол да прошета, но по некое време му се приодло по голема нужда. Тој отишол зад една куќа, ги соблекол фармерките и завршил работа.
Погледнал надолу и си рекол „О-о-о-о-о, хигиенски!“, ги кренал фармерките, „О-о-о-о-о, и топли!“

Сподели на Facebook
пати видено