На 12-ти септември не беше претставен пред јавноста само новиот Ајфон од Apple, туку во таа прилика беше и големото отварање на Театарот Стив Џобс, вреден 14милиони долари, на новиот кампус на Apple, во Купертино, Калифорнија, каде што компанијата планира да ги одржува медиумските настани во годините што доаѓаат.
Во театарот ќе можат да се сместат околу 1.000 луѓе и ќе биде користен само за потребите и презентациите на Apple. Тој е целосно под земја и се влегува преку просторија опкружена со големи кружни стакла. Овој театар е поинтимен од претходниот кој бил поседуван од Apple и извршниот директор на Apple, Тим Кук одржал прекрасен говор за наследството кое што го оставил Џобс. „Ни беше потребно малку време, но сега можеме да размислуваме за него со радост, наместо со тага. Визијата на Стив живее во „Епл Парк“ и насекаде во Епл. Денес и секогаш му оддаваме почит.“, вели Тим.