Петра некогаш бил раздвижен град во јужната пустина на Јордан во близина на градот Вади Муса. Основан околу 312 п.н.е., градот бил населен од Набатејците, кои го нарекувале Ракму. Набатејците биле номадски Арапи кои помогнале да се воспостави Петра како важна точка за застанување и тргување низ добро познатите трговски патишта и каравани кои носеле свила, зачини и билки од Индија, Кина и Египет.
Петра бил под римско владеење околу 100 години, почнувајќи од околу 106 година од н.е., кога напредокот одеднаш застанал и градот Палмира го презел местото на главен трговски центар во регионот. Во 363 година, земјотресот уништил дел од градот, како и набатејските аквадукти кои го снабдувале градот со вода. Последните жители го напуштиле градот кога Арапите го освоиле околу 663.
Градот е издлабен од околната карпа во розова боја, во елинистички и набатејски стил на архитектура на Кралските гробови, гробницата на Урн, Гробницата на палатата, Коринтскиот гроб и Манастирот. Тие, исто така, изградиле еден од најефикасните методи за собирање на водата што некогаш биле видени во пустината со помош на брани и цистерни за да се собере водата од неколкуте дождовни бури што се случувале.
Во просек, Петра добивала дожд околу девет дена годишно. Кога паѓал, често бил обилен и резултат бил, поплави. Набатејците успеале да ја „заробат“ поплавата и да ја складираат. Тие исто така научиле како да ја прочистат. Тунелите биле издлабени преку карпите за да и овозможст на водата од блиските извори да влезе во градот.
Во 1812 година, швајцарскиот истражувач Јохан Лудвиг Буркхарт го посети местото во време кога било опасно за странецот да патува толку далеку во Отоманската империја. Буркхарт се преправал дека е персиски аџија, но не можел да остане долго поради страв дека ќе предизвика сомнеж.
Археологот д-р Марта Шарп Џуковски од Универзитетот Браун ја ископува Петра повеќе од 15 години, првенствено во областа на Големиот храм. Нејзиниот тим пронашол докази за театар од 600 седишта, јавна бања и поплочен двор над подземни простории. Над 800 гробови биле пронајдени во пештерите, како и купишта камења што некогаш биле домови и продавници, монетите на Набатејците и делови од статуи. Исто така биле пронајдени и остатоците од терасовидни градини, базени, фонтани и големи дрвја, што веројатно укажува на јавен простор.
На 6 декември 1985 Петра е вклучена во Списокот на светското културно и природно наследство на УНЕСКО.