Научниците го откриле најблискиот мулти-планетарен систем околу црвено џуџе. Иако овие планети најверојатно не се погодни за живот, тие би можеле да играат важна улога во понатамошните истражувања.
Трите планети биле откриени околу црвено џуџе наречено YZ Ceti. Се наоѓаат на 12 светлосни години од Земјата. Сите тие се слични со масата на Земјата, почнувајќи од 0,75 пати поголема маса од Земјата за највнатрешната планета, до 0,98 за планетата во средина и 1,14 за најоддалечената. Еден труд кој ги опишува наодите е достапен на arXiv, предводен од Никола Астудило-Дефру од Универзитетот во Женева и е прифатен за објавување во Letters of Astronomy and Astrophysics.
Како и многу планети кои имаат црвено џуџе, тие орбитираат многу поблиску до нивната ѕвезда од другите планети кои орбитираат околу ѕвездите слични на Сонцето. Тука, највнатрешната е околу 0.016 AU далеку (1 AU е растојанието од Земјата до Сонцето), средината е 0.021 AU, а најоддалечената е 0.028 AU. Орбитирањето трае 1,97, 3,06 и 4,66 дена, соодветно.
Откритието било направено со помош на HARPS во опсерваторијата на Ла Сила Чиле. Во трудот тимот забележува дека можеби постои и четврта планета во системот, која може да има уште помала маса само 0,47 пати поголема од онаа на Земјата и орбитален период од 1.04 дена. Ова ќе биде една од најмалите егзопланети што некогаш биле откриени. За жал, ниту една од планетите не орбитира во погодна зона на ѕвездата каде што температурите би биле соодветни за да постои вода. Но, постоењето на овој систем е сепак важно.
Црвените џуџиња се сметаат за најбројни во нашата галаксија, сочинувајќи 70 проценти од нашите ѕвезди. Бидејќи тие се потемни од ѕвездите слични на Сонцето, полесно е да се проучуваат планети во орбитата околу нив, правејќи откритија како овие ветувачки цели за идно истражување.