Поранешни агенти на ЦИА наводно пронашле една од подморниците за шверц на кокаин на Пабло Ескобар. Ескобар користел подморници за транспорт на кокаин од Колумбија во Порторико, по што дрогата била транспортирана до копното на САД.

Пронајдената подморница може да содржи траги што конечно можат да ја откријат локацијата на скриеното богатство на Ескобар од над 57 милијарди евра.

Нуркачите кои порано работеле за агенцијата на САД, истражуваат непозната локација на брегот на Колумбија. Емисија на каналот Дискавери следеше двајца поранешни агенти на ЦИА во нивниот лов за непотврденото богатство на Ескобар. Во видеот од емисијата се гледа како поранешните агенти на ЦИА, Даг Лакс и Бен Смит, нуркаат покрај брегот, но не наоѓаат ништо вредно. Подводни камери покажуваат како наоѓаат метали и кутија, но немаат дополнителни индиции за парите.

Пабло Ескобар, чиј живот е прикажан во популарната серија Наркос, го предводеше Меделин Картелот кој обезбеди 80 проценти од кокаинот консумиран во САД во 1980-тите. Ескобар ја започна својата криминална кариера како тинејџер кој продавал шверцувани цигари и крадел автомобили на улиците на Меделин во Колумбија.

Тој се префрлил на трговија со кокаин во 1970-тите и станал толку успешен што имал 15 авиони и шест хеликоптери за криумчарење на дрогата во САД. До средината на 1980-тите, картелот на Пабло Ескобар носел околу 420 милиони долари неделно, скоро 22 милијарди долари годишно.

1989 година, тој беше ставен на листата на како седмиот најбогат човек во светот од страна на магазинот Форбс, и стана познат локално како „Робин Худ“, бидејќи им дал дел од своите пари на сиромашните во Колумбија и изградилдом за бездомници.

Тој бил застрелан во декември 1993 година, додека се обидувал да избега преку блиските покриви со неговиот телохранител, Алваро де Хесус Агудело, кој исто така бил застрелан и убиен. Сепак, некои луѓе тврдеа дека Ескобар всушност извршил самоубиство откако го скрил поголемиот дел од своето богатство на непознати локации, бидејќи повеќето од неговите пари никогаш не биле пронајдени.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено