Длабоко во планинскиот венец на западните Гхати во Индија демне едно чудно суштество. Тоа не е големо и сигурно не е ниту убаво, но го привлече вниманието на билозите кои ја истражувале таа област.

Научниците открија нов вид на пурпурна жаба, која ја нарекоа Бхупатинова пурпурна жаба, по познатиот херпетологист, Д.р. Бхупати Субраманиам, кој починал откако се лизнал од карпа за време на едно истражување во 2014 година. Истражувачите од Американскиот музеј за природна историја и Центарот за клеточна и молекуларна биологија во Индија неодамна го опишаа новиот вид во една студија објавена во списанието Алитес.

тие го опишуваат оваа водоземче како мало животно со мазна сивкаста кожа, прошарана со пурпурни дамки, мали и уморни очи и прилично чудната муцка, која наликува на онаа кај свињите. Истражувањето исто така покажало дека нивните кратки, дебели предни нозе имаат „ограничен опсег на движење“.

Познато е дека жабата живее во три сезонски потоци во прекрасните планини Гхат, кои се наоѓаат по должината на западниот брег на Индија. Тие поголем дел од времето живеат под земјата, во плитки мали јами и најверојатно затоа наликуваат на крт.

Исто како и другите жаби и овој вид на жаба го започнува животот како полноглавец. За разлика од „срамежливите“ возрасни, полноглавците од овој вид живеат во каскади, така што се лепат на камењата зад водопадот. Истражуваќите успеале да ги откријат жабите по специфичните звуци за парење.

Видот е тесно поврзан со друг вид на пурпурна жаба откриена во 2003 година, позната како Nasikabatrachus sahyadrensis. Иако и двете припаѓаат на родот Nasikabatrachus, ДНК-доказите собрани од пурпурната жаба на Бхупати потврдија дека тие се навистина различни видови.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено