Фосил од диносаурус, од видот нодосаурус или како што го нарекуваат „четвороножен тенк“ е пронајден од страна на рудар и оваа откритие е толку ретко што се опишува како добивање 7ца на лото. Овој тревопасен „оклопник“ ќе биде изложен во музеј во Канада.
Диносаурусот бил пронајден од страна на Шавн Фанк, кога копал во рудникот Милениум, во близина на Форт МекМјури, во северна Алберка Канада на 21ви март, 2011 година. Тој удрил во нешто што се двоело од останатите карпи и одлучил подобро да го разгледа. Фосилот, со се карпата бил однесен во Кралскиот Тајрел Музеј на палеонтологијата. Тие наредните 6 години го „ослободувале ѕверот“ од карпата тешка 1.100 килограми.
Според музејот ова е најдобро сочуван фосил од оклопен диносаурус, вклучувајќи ја и неговата кожа од оклопот и е целосен од муцката па се до колковите. На научниците им биле потребни над 7.000 часа работа за да го подготват примерокот за изложба. Јакоб Винтер од Универзитетот во Бристол, вели: „Исто како да чекорело пред неколку недели. Никогаш не сум видел вакво нешто.“
Фосилот е новооткриен вид на нодосаурус, кој живеел пред околу 110-112 милиони години. Суштеството во просек било долго 5 метри, а тежело и до 1.300 килограми. Имал шилци долги 50 сантиметри, испакнати од неговите рамења.
Истражувачите веруваат дека поплава го исфрлила овој диносаурус во морето и неговиот „морски гроб“ ги сочувал сите негови значајни карактеристики.
Мајкл Грешко напишал за National Geographic: „Ова ниво на сочуваност е еднакво на добивање 7ца на лото. Колку повеќе го гледате толку повеќе го заматува умот.“
Калеб Браун, истражувач на постдокторски студии во музеј, изјави: „Ние немаме само скелет, имаме вистински диносаурус каков што некогаш бил.“ Истражувачите тврдат дека допрва ќе откриваат нови работи со врска со овие мистериозни суштества.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.