Проколнатите куќи можат да бидат страшни, но уште пострашно е кога места во природата се проколнати. Кога природата е страшна, тогаш навистина е страшно. Во примерите од оваа листа ќе можете да прочитате за проколнати излетнички места и шуми опседнати од духови и други проклетства.

1. Проколнатата карпа, Тексас, САД

prk01

Ова место е опседнато од духот на Индијанка која се фрлила од неа откако видела како нејзиното племе е масакрирано од друго, непријателско племе.

2. Фритаун Стејт Форест, Масачусетс, САД

prk02

Проколната од племето Вампаноаг, оваа област во Масачусетс е синоним за духови, сеништа, чудни глетки и НЛО.

3. Смит Монт Хокинс, Калифорнија, САД

prk03

На ова место планинарската патека е зацртана на земјиште кадешто се одржувале пагански жртвувања на животни.

4. Скриминг Вудс, Велика Британија

Шумата Деринг, уште позната и како „Врискачката шума“ е место кадешто наводно често се случаат далечни човечки крици. Се наоѓа крај малото британско село Плакли, а според кажувањата, изворот на врисоците е мртов друмски разбојник, погубен од селаните.

Олд Хаус Вудс, Вирџинија, САД

prk05

Со бурна историја којашто се протега сѐ до Револуцијата, се вели дека духови на пирати, конквистадори, сеништа на домородци и демони скитаат по овие шуми.

6. Клубот на Пеколниот Оган на Монтпелиер Хил, Ирска

prk06

Изградена во 1725, оваа некогашна ложа е позната по својата поврзаност со паганизмот и обожување на ѓаволот.

7. Грифит Парк, Калифорнија, САД

prk07

Откако земјиштето било проколнато од бившиот сопственик, а исто така тоа е местото кадешто познатата актерка Пег Ентвисл се самоубила и се вели дека нејзиниот дух скита околу познатиот знак „Холивуд“, не е за чудење што жителите на Лос Анџелес два пати ќе размислат пред да му пријдат на препознатливиот знак на нивниот град.

8. Шумата Хоја, Романија

prk08

Позната како „Бермудскиот триаголник во Трансилванија“ на ова место се случиле голем број исчезнувања, а и вегетацијата расте на чуден, застрашувачки начин.

9. Банагарт Форт, Индија

prk09

Индијската влада забранува ноќна посета на ова место, поради клетва на волшебник од 16. век. Навистина можете да го почувствувате стравот.

10. Шума на самоубиствата, Јапонија

prk10

Илјадници јапонски граѓани заминале во оваа морничава шума за да извршат самоубиство. Се случиле толку многу самоубиства што локалната полиција повеќе не се ни мачи да известува за нивниот број.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено