Повеќето столчиња ги свртел кон ѕидот и се договорил со првите неколку студенти да седнат со грбот свртени кон професорот.
Поука: Секој од нас има свој ум и треба да го користи за со него да донесува одлуки кои ќе го приближат до целта.
Двајцата студенти кои што седнаа свртени кон професорот го користат мозокот и не дозволуваат размислувањата на толпата да ги однесат онаму каде што не сакаат. Тие веќе се луѓе со став, луѓе кои знаат која е целта на нивното доаѓање на предавањето и со користење на својот ум сфатија како најлесно да дојдат до целта. Овие двајца ја научиле животната лекција и имаат светла иднина, а останатите допрва ќе ја научат.