Многу работи се променија во животот на Ричард Апија Акото во текот на две недели, откако тој објави фотографии од себе на Фејсбук, како црта прозорец за обработка на Microsoft Word на табла со разнобојни креди, за да ги научи своите ученици за компјутерите, кои училиштето ги немало. Фотографиите станаа познати низ целиот свет и убави работи почнаа да му се случуваат на професорот и неговите ученици.
Приказната за училиштето допре и до Твитер каде што Ричард доби ветување од Microsoft дека ќе добие соодветна опрема и ќе добие пристап до нивната MCE програма за бесплатен професионален развој. За да го исполни ова ветување, технолошкиот гигант го однесе професорот во Сингапур, каде што учествуваше во Microsoft Education Exchange.
Тој објави на Фејсбук [каде што е потпишан под името Овура Квадво Хотиш]: „Само што пристигнав во Сингапур на Microsoft Global Education Exchange самитот. Очекувам да научам нешто ново.“
Спектаклот на Акото во кој тој објаснува како работат компјутерите, без компјутери, поттикна повеќе ветувања за донирање компјутери на училиштето. Еден добротвор на британскиот Универзитет во Лидс донираше сосема нов лаптоп и неколку дена подоцна следела уште една донација од пет десктоп компјутери за училиштето и подарок лаптоп за лична употреба на Акото од страна на NIIT, училиште за обука за компјутери со седиште во Акра главен град на Гана.
Многу луѓе побараа акото да ја добие наградата „Најдобар национален учител на Гана“, годишна награда за наставници која меѓу другото доаѓа со награда, куќа со три спални на локација по избор.
Иако Акото го опишуваат како инспирација за наставниците во Африка, тој всушност покажува дисфункционален јавен училишен систем. Низ целиот континент, многу сиромашни родители се принудени да избираат приватни училишта пред бесплатни јавни основни училишта поради недостатокот на ресурси во државните училишта.
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.