Фотографиите од професор од Гана кој покажа како децата од едно африканско село учат информатика станаа многу популарни низ медиумите ширум светот. Бидејќи нема компјутери во основното училиште каде што предава тој, професорот на таблата црта Мајкрософт Ворд со шарени креди и им објаснува на учениците. Тој го нарекува овој негов метод „потребите мора“.
„Предавањето во ICT во Гана е многу интересно. Ги сакам моите ученици затоа морам да направам сѐ за да разберат што предавам.“, вели креативниот професор Овура Квадво. Тој скоро бил контактиран од Мајкрософт, од каде што добил ветување дека ќе му испратат нова компјутерска опрема и ќе му дадат пристап до нивните „ресурси за професионален развој“.
Овура работи во училиштето шест години, кое е оддалечено околу три часа северно од вториот по големина град во Гана Кумаси. Во училиштето нема ниту еден компјутер, иако во последниве години се очекува 14 и 15-годишните ученици да решаваат и да положат државен испит, при што информатика е еден од предметите.
„Ова не ми е прв пат да цртам, го правам тоа секогаш кога ќе сум во училницата. Сакам да ставам фотографии на Фејсбук и така почувствував потреба да ја споделам. Не знаев дека ќе го привлече вниманието на таквите луѓе.“, вели Овура.
Неговата приказна била донесена до Мајкрософт од страна на претприемачот Ребека Енончонг која напиша на Твитер на компанијата да посочи дека тој го подучува користењето на нивниот производ без физички пристап до него. „Сигурно може да му дадете некои соодветни ресурси“, посочи таа. Во вторникот, софтверскиот гигант дејствуваше на нејзино барање.