37-годишната професорка по странски јазици Татјана Дарсалија, дошла во трговскиот центар со својата 14-годишна ќерка, Елеонора. Кога слушнале дека има пожар, мајката и ќерката брзо истрчале надвор од зградата. Кога мајката била сигурна дека нејзината ќерка е на безбедно, таа ѝ рекла да ја чека таму и се вратила внатре.
Професорката успеала да им ги спаси животите на неколку деца, но никогаш не се вратила кај својата ќерка. Во средното училиште, каде што работела како професорка, и поставија импровизиран споменик, каде што луѓето секој ден носат цвеќиња и палат свеќи.