Наташа Милер имала 23 години и предавала англиски јазик на колеџот Тараруа во Пахиатуа, Нов Зеланд, кога се запознала со 16-годишниот Хајден Мекдоналд во 2006 година.

Тие почнале да водат тајна врска, но откако биле разоткриени Наташа дала отказ. Откако скандалот се прочул парот се појавил на телевизија и изјавиле дека се сакаат.

Г-ѓа Милер рекла дека во текот на неколку месеци полека развила чувства кон својот ученик, за кој изјавила дека изгледал позрел од неговите соученици. „Задачите што тој ги предаваше беа далеку над нивото на неговата возрасна група и јас ја почитував неговата зрелост“, изјавила таа тогаш.

Професорката му пишала смс за да го потсети да си го напише домашното и пишувањето продолжило, по што се договориле да се сретнат и така започнала нивната врска.

Тајната врска помеѓу професорката и ученикот ја открила мајката на Хајден, откако приметила дека чудно се однесува и останува премногу често на „дополнителна настава“. Таа дошла во училиштето и дознала дека таква настава нема, а потоа и ги прочитала пораките од телефонот на момчето.

Сепак мајката не направила веднаш скандал затоа што Наташа тогаш имала само 23 години. Таа и поставила ултиматум или да стават крај на врската или да даде отказ. Наташа одлучила да даде отказ, а мајката на Хајден решила да не се будни за врската.

По 13 години Наташа и Хајден се во брак и имаат три деца, две момчиња и девојче. Наташа повторно работи во училиште, но овој пат им предава на деца од 9-то одделение.

Директорот на училиштето вели дека слушнал нешто за нејзиното минато, но тоа било пред негово време, а таа сега е посветена сопруга и мајка, а исто така одлично си ја извршува и работата.

Сподели на Facebook
пати видено