Иако досега нема доволно цврсти докази дека сме дошле во контакт со вонземјани, сепак постојат многу интригантни случаи и феномени кои ни кажуваат дека можеби не сме сами. Ави Лоеб професор во Хардвард-Смитсонијан Центарот за Астрофизика вели дека преку Брзи радио импулси, кои што ги збунија научниците откако ги открија во 2007 година, може да бидат доказ за напредна технологија надвор од нашиот свет.
Сепак останатите истражувачи не сакаат да шпекулираат на оваа тема и да го потврдат верувањето на Лоеб дека се работи за истекување на информации од предаватели со планетарна големина, кои што добиваат енергија од меѓуѕвездените сонди на далечните галаксии. Ави вели ” Брзиte радио импулси се многу светли, брзи и доаѓаат од голема далечина. Никој не успеа да го потврди природното потекло на овие радио импулси, затоа би било логично да се земе во предвид вештачкото вонземско потекло”
Лоеб и неговиот колега од Хардвард Манасви Лингам изготвиле теорија дека за да се реализираат овие зраци потребен би бил соларен генератор со големина на планета за да се праќаат пораките во галаксијата. Моментално оваа нивна терорија не може да се реализира на било каков начин. “Кај науката не е во прашање верувањето, туку се во прашање доказите, доколку нешто е пред вашето време треба да донесете претпоставки и да дозволите податоците да ги докажат” вели Лоеб. Галаксијата е голем и непознат простор за кој имаме многу малку знаење, но секогаш треба да останеме отворени за безбројните можности.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.