Професор во средно училиште во Тексас е суспендиран откако со мобилниот телефон ја снимал тепачката помеѓу учениците, наместо да ја прекине. На видеото се гледа како двајца ученици се тепаат на часот, а професорот се смешка и ги снима со мобилниот. Видеото првично било објавено на Снепчет, а потоа и на Твитер.
Ученикот кој го снимил видеото напишал: „Дури и професорите ги снимаат тепачките во Мек Кини средното училиште.“ Исто така во позадината може да се слушне смеа од останатите ученици. Од училиштето не го откриваат идентитетот на професорот.
Законот на округот налага дека професорот треба да де-ескалира или интервенира кога ваквите ситуации се јавуваат помеѓу учениците. Во соопштението објавено од портпаролот на училиштето пишува: „Инцидентот беше пријавен во средата, а наставникот веднаш беше ставен на административно отсуство во очекување на исходот од истрагата. Наставникот останува на одмор во тоа време. Дисциплинска мерка, исто така, е донесена за учениците вклучени во тепачката.“
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!