Светската здравствена организација препорачува да се користат најмалку 400 грама зеленчук, овошје и бобинки секој ден. Со почетокот на летото, свежо исцедените сокови, пијалоци, овожни пити и салати се особено вкусни и здрави, но сепак не е лесно да се изберат квалитетни продукти. Марија Троицкаја е професионален слаткар и таа објаснува како да си обезбедите квалитетно и вкусно овошје и зеленчук. Ако сѐ уште преферирате домати сп гранка или сјајни јаболки, треба да го прочитате овој текст.
1. Домати
Многумина сметаат дека доматите што имаат гранка се свежи и ги избираат. Всушност, гранката не укажува на свежината на доматите, туку на нивната незрелост. Кај зрелите домати гранката паѓа. Ако гранката е сѐ уште таму, тогаш доматите се отсечени уште зелени и оставени да зреат во кутијата. Во таквите домати има малку витамини и хранливи материи.
2. Лубеница
Највкусни и слатки лубеници созреваат во периодот од втората половина на август до крајот на септември. Раните лубеници, некои производители ги прскаат со азотни ѓубрива и стимуланси за раст. Изберете лубеница со средна големина. Светли контрастни ленти и сјајна „дрвена“ кора се знаци на зрелост.
3. Бабура
Бабурите имаат женски и машки тип и има разлики во вкусот. Доколку плодот има 4 дела тогаш е од женски тип, доколку има 3 тогаш е од машки. Формата на машкиот тип е поиздолжена, а женскиот пипер е поширок и пократок, многу посладок, помек, па затоа може да се јаде свеж. Машките пиперки се покисели и потешки.
4. Јаболки
Изберете средно овошје. Јаболкото треба да биде цврсто и доволно тешко за големината. Не купувајте сјајни јаболки. За плодовите да изгледаат убаво, производителите ги премачкуваат со восочни или природни смоли. Исто така, при купување зелени јаболка, обрнете внимание на сивата мрежа во близина на гранчето: ако го има, јаболката е зрела.
5. Цреша
Купувајте цреши во сезоната – во јуни-јули. Во ова време, тие се покорисни, повкусни и поевтини. Пред да ги купите, обидете се да ги допрете – не треба да биде многу тврди или меки. Не треба да има никакви дамки наоколу. Колку се потемни толку повеќе тие содржат корисни шеќери, каротеноиди, антоцијани и органски киселини.
6. Сливи
Кога купувате, одберете овошје со еднаква боја. Исто така избегнете испукани сливи, со вдлабнатини, дамки и други оштетувања. Слива треба да биде тешка, со пријатен сладок мирис. Ако кожата на овошјето има тенок бел слој – ова е потврда дека сливите биле собрани неодамна.
7. Краставици
Дајте им предност на краставици со силна светло зелена боја. Ако краставица е свежа, бојата на кората ќе биде заситена, без сјај. Премногу сјајна кора може да укаже дека е оплодена со нитрати или премачкана со восок. Купувајте краставици со средна големина, 10-15 см во должина.
8. Банани
Побарајте банани во силна жолта боја на полиците. Малите црни точки укажуваат на фактот дека бананата е зрела и подготвена за употреба, но не се препорачува да се складира ваквата банана повеќе од 2 дена.
9. Круши
Зрели круши може лесно да се идентификува по аромата. Самиот плод не треба да биде еластичен, да не биде многу тврд, но и да не е многу мек. На кора не треба да има оштетување и вдлабнатини. Постојат сорти кои ја задржуваат светла зелената боја, но во повеќето случаи малку „руменило“ ја покажува зрелоста на овошјето.
10. Киви
При изборот на киви, поставете го плодот помеѓу палецот и показалецот и притиснете го – зрелото овошје ќе биде меко, но еластично. Исто така, обрнете внимание на мирисот: зрелите киви има мирисн на цитрус. Кората е мазна и еластична, без видливи оштетувања.
11. Лимон
Зрелиот лимон има мазна кора, како полирана. Обрнете внимание на кора. Мазната кора имаат лимони кои се од дрво на кое му е прва берба. Концентрацијата на хранливи материи во нив е повисока од онаа на следните берби.