Секој ден илјадници луѓе минуваат покрај нас со своите приказни, соништа, проблеми, а Брендон Домен од Њујорк одлучи да ги обедини сите преку текстови на обични листови хартија, создавајќи го „Проектот на странци“.
Главната карактеристика на проектот е дека сите приказни се рачно напишани, сите се анонимни, но секој што ја посетува изложбата може да ги прочита.
Како започнало сѐ
Запознајте се: Ова е креаторот на проектот, Брендон Домен на една од своите изложби. До него стои знакот на кој пишува: „Здраво. Ги собирам вашите приказни. Застанете и споделете анонимно. Или само кажете ‘здраво“ и прашајте ‘зошто’.“
Брендон организира мало „сушење“ на различни места во Њујорк. Тој става јажиња и листовите ги прикачуваат со штипки за облека. Секој може да пишува за тоа што му е важно. Авторот на идејата нагласува дека овие приказни се неверојатно искуство за двете страни – и читателот и авторот на приказните.
Авторот пишува: „Кога собирам приказни, сакам да ги набљудувам емоциите што ги доживуваат луѓето кога се движат од приказна до приказна. Луѓето се смеат, плачат, посочуваат на листови со оние приказни во кои наоѓаат посебен одговор во нивните души.“
За време на една од неговите изложби еден маж го замолил Брендон да ја прочита неговата приказна. Брендон ја исполнил неговата желба, а на листот пишувало дека ја запросува неговата прекрасна девојка.
Тогаш тој клекнал и навистина ја запросил девојката, а Брендон ги фотографирал и ја објавил фотографијата на страниците за проектот.
Приказни од изложбата
„Дали има место во светот за мене?“
Лекар раскажува како го живее својот сон бидејќи од мала заедница во Јужна Африка станал лекар во Њујорк.
„Јас сум на состанок со една девојка која многу ми се допаѓа и сакам да ја бакнам, но многу сум нервозен.“
Дете раскажува како би сакало да ја запознае биолошката мајка која живее во Гватемала.
„Јас сакам мачки. Ми требаат повеќе раце за да ги милувам.“
„Преправај се дека оваа парче хартија е огледало и повторувај по мене …ТЕ САКАМ!“