Човек кој преку мали огласи продал печатач за четириесет долари, следните шест и пол години ги минал по судови, по што на крајот платил вкупно 12 000 долари за судски трошоци, откако купувачот го тужел тврдејќи дека му продал неисправен производ. Во 2009 година, 66-годишниот Даг Костело од Ешленд, САД, немал поим во што се впушта кога го продал половниот принтер на 54-годишниот Герш Заводник од Индијанаполис, човек со долга историја на тужење луѓе.

ks01

Костело вели дека заедно со поштарината, печатачот го продал за приближно 75 долари. Набргу се нашол на суд, бидејќи купувачот кажал дека добил неисправен принтер. Купувачот, кој од Украина во САД дошол во 1987 година и добил политички азил, го обвинил Костело дека лажно рекламирал неисправен принтер на кој му недостигале делови. Веднаш потегнал тужба барајќи максимална отштета од 6 000 долари.

Предметот бил одбиен, бидејќи Заводник го фрлил „доказот“, т.е. принтерот. Во 2010 година Костело му пратил документи на Костело, барајќи од него да признае дека е должен да плати 30 000 долари како казна за прекин на договор, измама, лажно рекламирање и предизвикување на емоционален стрес. И овој предмет бил одбиен, заедно со уште 26 други поднесени од продуктивнот тужител. Но, во 2012 година со судска жалба тужбата ненадејно била вратена во важност и случајот се нашол на суд, каде што траел девет месеци. Во меѓувреме Заводник на Костело му испратил уште две барања за одговорност – една од 300 000 долари и една од 600 000 долари.

ks02

Заводник очигледно бил добро свесен дека тужениот кој не одговара на тужба признава по автоматизам ја признава одговорноста – и токму тоа се случило. Костело вели дека никогаш не ги примил барањата. Смачувајќи му се, Костело најпосле најмил адвокат. Вели дека платил најмалку 12 000 долари за да се извлече од законскиот жив песок. Случајот многу бавно се движел низ законскиот систем, при што многу судии одбивале да учествуваат во него бидејќи веќе претходно си имале работа со Заводник.

„Можете да бидете сигурни дека секој судија во областа Мерион знае кој е Герш Заводник“, вели адвокатот  Чед Д. Вурц“. Во март 2015 година, шест години откако Костело ја ставил таа судбинска објава на Креглист, специјалниот судија Џ. Џефри Иденс пресудил против Костело и давајќи му отштета на Заводник во износ од 30 044 долари поради прекин на договор.

Иденс признал дека износот е висок за случај со користен принтер, но се повикал на неодговарањето на тужбите.

„Во каква реалност се наоѓам јас?“ изјавил Костело за новинарите по добивањето на пресудата. „Не знам што е ова што се случува. Зошто не знам што се случува?“

Костело не бил единствениот кој паднал во ноќна мора на постојаното тужење од страна на Заводник. Во еден сличен случај со опрема за дигитална камера, тој од една жена побарал отштета во износ од 1,2 милиони долари. Повеќето негови тужби се однесувале на предмети кои ги купил на интернет. До 2013 година тужел повеќе од 100 луѓе.

На крајот еден друг судија ја поништил пресудата и пресудил во корист на Костело. Но, кошмарот на Костело можеби сѐ уште не завршил, бидејќи еден негов пријател кој истражувал за неговото минато вели дека Заводник најверојатно ќе бара ново сослушување.

Сподели на Facebook
пати видено