Во Јоркшир е најден приврзок стар 11.000 години, на кој се изрезбани серија линии и симболи. Се смета дека е еден од најретките вакви артефакти и се верува дека имал ритуално значење и бил носен од страна на племенскиот шаман.

Знациите се состојат од серија долги и кратки линии, што сугерира дека британските жители од раниот мезолит употребувале специјален систем за изразување на нештата. Во овој случај, линиите можеби го означувале бројот на изведени ритуални жртвувања. Приврзокот бил најден на археолошкиот локалитет Стар Кар, место кое се употребувало за ритуални активности. Покрај приврзокот, најдени се и 21 украси за глава изработени од черепи на црвен елен. Приврзокот е изложен во Јоркширскиот музеј.

pr

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено