Фумио Сасаки има само три кошули, четири пара панталони, четири пара чорапи, нешто прибор за јадење и мала соба со бања во Токио. И тоа не затоа што нема пари – господин Сасаки е уредник на еден веб портал со доста пристојна плата. Овој 36-годишник, некогашен страстен колекционер на книги, CD-a и DVD-ја, своеволно го прифатил овој аскетски стил на живот во духот на зен-будизмот според начелото „помалку значи повеќе“.

ss

„Постојано размислував за тоа што ми недостига, што уште морам да купам“, вели Сасаки кој пред две години ги продал сите свои работи или ги разделил на пријателите. „Откако почнав да трошам помалку пари на шопинг и чистење, ми остана повеќе време за дружење со пријателите и патување. Станав многу поактивен и посреќен.“

И неговиот колега Катсуја Тојода го прифатил истиот стил на живот:

„Станав минималист за на површина да избијат нештата кои навистина се важни во животот“, вели Тојода, објаснувајќи дека вистинската причина за овој „минимализам“ не лежи толку во исфрлањето на излишните работи од животот, колку во добивањето време (и пари) за она во што навистина уживаме, што во неговиот случај се патувањата. Покрај тоа, тоа си има и своја практична страна. Имено, во земјата која редовно ја погодуваат силни земјотреси, меѓу 30 и 50 отсто од оштетувањата и повредите во домовите се случуваат поради паѓање на предмети. „Во вакви минималистички соби такви проблеми нема“, заклучува Тојода.

Сподели на Facebook
пати видено