Ферари на претстојниот автомобилски саем ќе го претстави наследникот на моделот F12 и веројатно последниот модел на италијанскиот гитант со мотор V12. Името му е Ferrari 812 Superfast, а го придвижува унапредениот V12 од моделите како LaFerrari и F12. Неговата запремнина е зголемена на 6,5 литри. Се работи за најмоќниот сериси модел на Ферари на сите времиња.
Развива максимални 800 коњски сили со 8500 обрти во минута. Доработениот седмостепен менувач овозможува постигнување на брзина од 100 километри на час за само 2,9 секунди. Максималната брзина на 4,66 долгиот и нешто повеќе од 1 тон тешкиот болид изнесува преку 340 km/h.
Од техничките детали вреди да се спомнат и електричниот серво усогласен со систем за контрола на лизгање. Зад новиот дизајн со нагласен агресивен карактер се крие активна аеродинамика со цел подобрување на возните особени при големи брзини. Ферари воведува и нов дизајн на светла, а и ентериерот е освежен со нови елементи.