Компанијата KFC го прошири своето портфолио во Македонија со три нови производи, Triple Double бургер, Cheese бургер и крцкави wedges.Лансирањето на новите производи следи како резултатнаконтинуирано воведување иновации во понудата и следење на барањата на потрошувачите.Новите производи се веќе достапни во рестораните на KFC во Скопје (City Mall и Ramstore)и Тетово (Palma Mall).

„За прв пат во нашата понуда на бургери вклучивме нови состојки кои не беа дел од стандардната понуда на KFC во Македонија, а комбинацијата на вкусови им овозможува максимално уживање на сите љубители на храна.Triple Double бургерот е најголем бургер досега кој е збогатен со трипати повеќе состојки, односно 3 парчиња Crispy Strips, 2 парчиња кашкавал, ајсберг, бургер сос, краставички, кромиди големо лепче. Cheese бургероте одличен избор замладите, додека пак,wedgesкомпирите се одличен додаток на сите типови на бургери, buckets и дипови. Со новата понуда веруваме дека ќе ги задоволиме и нашите најпребирливи потрошувачи.”– изјавија од маркетинг тимот наKFC.
Двата бургери ќе бидат понудени и со оброк во комбинација со пијалок и помфрит.

KFC е лидер во подготовка и послужување на пилешко. За помалку од една година во Македонија се отворени три ресторана, во Скопје и Тетово, а проекциите се тој број да се зголеми до крајот на годината. Со повеќе од 24.000 ресторани во повеќе од 130 земји KFC претставува најголемиот ланец на ресторани и еден од главните лидери на прехранбената индустрија во светот. Препознатлив по познатиот заштитен рецепт од 11 зачини на основачот Colonel Sanders, рестораните нудат различниспецијалитети од пилешко, како бургери,buckets, врапови и слично.KFC е дел од групацијата YUM! под која оперираат Pizza Hut и Taco Bell.

Сподели на Facebook
пати видено