Еднаш, една желката се согласила да ја пренесе скорпијата на нејзиниот грб преку реката. Скорпијата била мирна поголемиот дел од патот, но токму кога требало да стигнат до другиот крај на брегот, желката почувствувала болка. Скорпијата ја боцнала. Желката, била огорчена и почнала да вика чувствувајќи се предадено:
„Мојата природа е таква што јас се обидувам да им помогнам на сите. Затоа ти помогнав. Како можеш да ме отруеш?“
„Пријателке“, и се обратила скорпијата, „во твојата природа е да помагаш, а во мојата да боцкам. И сега, што се обидуваш ли да ја претвориш својата природа во доблест, а мојата во зло?“