Историскиот град Монсан се наоѓа на северната граница помеѓу Португалија и Шпанија, регион познат по своите препознатливи, освежувачки вина Винхо Верде.
Овој мирен португалски граничен град може да се пофали со термални бањи, традиционална кујна и тврдина од 14 век со изненадувачка историја. За главен патрон на градот се смета жената Деу-ла-Деу Мартинс, која го заштитила градот од шпанците во средниот век, на многу итар начин.
Според Историското здружение на Алгарве, во 1369 година Португалците биле во војна со соседното кралство Кастиља. Смртта на Петар суровиот, кралот на Кастиља и Леон, предизвикала криза за сукцесија, а португалскиот крал Фердинанд I бил еден од неколкуте кандидати кои сакале да го преземат престолот. Всушност, круната ја држел нелегитимниот полубрат на Петар, Хенри од Трастамара, и не бил задоволен од напорите на Фердинанд да го узурпира и затоа го нападнал градот Монсан.
Монсан бил добро утврден град и неговите високи ѕидови можеле да го издржат нападот на непријателите за поголем временски период. Сепак, опстанокот на опсадата барал голема подготовка на жителите со храна, вода и други средства за да можат да му се спротистават на непријателот. Кога храната во Монсан почнала да се намалува луѓето гладувале и барале да се предадат.
Од друга страна Хенри и неговата војска биле истоштени од неуспешните напади и неговите гладни војници секој ден губеле сила, а голем број почнале и да умираат. Ова го сфатила и Деу-ла-Деу Мартинс и откако се истрошиле скоро сите резерви на храна во градот таа побарала да се собере сето брашно што останало и побарала да се направат два леба.
Откако го земала лебот се качила на врвот на замокот и со блеф се обидела да ги обесхрабри војниците од Кастиља, таа кршела парчиња леб, го фрлала од замокот и им велела: „Deus lo deu, Deus lo há dado!“, или во превод „Господ му даде толку леб на народот од Монсан што може да понуди малку и на своите напаѓачи.“
Верувајќи дека градот е добро обезбеден за долга опсада и загрижен за сопствените резерви на храна Хенри решил да се повлече. Со еден добар блеф жената го спасила градот. Приказната за нејзиниот умен трик наскоро се проширила и станала локална легенда.
Дури и денес, Деу-ла-Деу се наоѓа на грбот на градот и нејзината статуа е изградена во 19-тиот век во центарот на градот.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.