Карен Далакјан е ветеринар кој работи и живее во Чељабинск, но неговото име е познато и во странство. Тој бил поканет да се пресели во Москва, Грција и во САД.
Далакјан може да најде начин да работи со било кој животински пациент и е подготвен да ги преземе најтешките случаи и да ги лекува егзотичните и опасните животни.
Карен Далакјан ја започнал својата кариера како обиченн ветеринар. Роден е во Ереван и отишол во Вологда за да студира. Подоцна отишол во Чељабинск и за кратко време решил да остане да живее и да работи таму. Подоцна, кога сфатил дека приватните клиники повеќе се грижеле за остварување на профит отколку да им помагаат на животните, тој основал сопствена компанија. Работи повеќе од 30 години.
Неговиот прв невообичаен пациент било младенче од леопард по име Гарик, кој бил роден во зоолошката градина во Казан. Тој бил донесен со парализа која била предизвикана од премногу протеини во неговата исхрана, бидејќи младенчето било погрешно хрането. Сите мислеле дека ќе умре, но Далакјан успеал да го излечи. Мачките му помогнале во третманот. Го масирале малиот предатор со шепите и малку по малку, неговото тело почнало повторно да функционира.
Далакјан има многу такви приказни за животните што ги спасил, од ежеви и лебеди до волци и лавови!
Но, една приказна целосно го променила животот на ветеринарот. Еден ден, неговиот колега од друг регион му се јавил и почнал да му кажува за тигар кој бил донесен со страшна треска и не знаел што да прави со него. Тој звучел навистина загрижен.
Истата вечер, огромното животно било доведено во Чељабинск. На лицето, имал голема рана што мирисала како месо во распаѓање. Патолошкиот процес веќе се проширил на коскеното ткиво на тигарот. Според луѓето кои го транспортирале, тигарот (кој имал само 5 месеци) му било дадено некое сурово пилешко и тој го прободел лицето со коска. Локалниот ветеринар го извадил забот, што само ја влошило ситуацијата.
Далакјан се грижел за тигарот по име Јорик. Тигарот бил на работ на смртта 6 месеци. Кога дошол до своите сетила, тој предизвикал хаос во просторијата каде што бил задржан, кршејќи се што му е на повидок – тој дури и ги искинал завоите. Но, и покрај тоа, почна да се подобрува. И еднапо друга операција, тој всушност почнал да преде. Од тогаш, Далакјан спиел заедно со тигарот, појадувал со него и шетал со него.
Кога малиот тигар се опоравил Карен се јавил во зоолошката да го земат. Но откако тие виделе дека едната страна од лицето му е оштетена му кажале дека ќе го земат за дерење за 6 месеци. Ветеринарот не можел тоа да го дозволи. Почнал да собира пари заедно со луѓето од градот.
Не само што успеал да го купи тигарот туку и го испратил во центар за рехабилитација познат како Утес кој се наоѓа во Тајга.
Една од најважните лекции што ги научил од неговите пациенти е тоа што секогаш треба да го следиме нашиот инстикти:„Срцето никогаш не лаже. Никогаш не покажува погрешен пат.“, вели тој.
Тој продолжува да лекува егзотични животни, да прибира средства за нив, соодветно да се обучува и да држи предавања на деца и возрасни. Карен вели дека неговата најголема поддршка се неговтаа сопруга и неговите две деца.