Ретко кој би поверувал дека атрактивната 23-годишна Бразилка Рита Матос ќе прифати да работи чесна професија како што е чистачка. Благодарение на корисниците на социјалните мрежи, нејзините фотографии го преплавија бразилскиот интернет и таа веднаш доби неколку понуди за работа како фотомодел.

Девојката изјави дека иако разгледува некои од понудите, сепак нема да ја напушти својата чесна професија и ќе продолжи да ги чисти улиците на Рио де Жанеиро. Рита работи дури и по 12 часа дневно, а сама заработува и е независна од родителите од 16 годишна возраст.

„Луѓето често се изненадени кога ќе видат една убава девојка, чистач. Но, зошто чистачките по дефиниција мора да бидат грди? Ова укажува на предрасудите во општеството“ – изјави Рита, додавајќи дека физичката работа на улица и овозможува да ја задржи совршената форма.

01

02

03

04

05

06

07

08

09

10

11

12

13

14

15

16

17

18

19

20

21

22

23

Сподели на Facebook
пати видено