Мата Хари била позната шпионка за време на Првата светска војна, по потекло Холанѓанка, но која работела за Германците, но и за Французите. Пред тоа во Париз се прославила како танчерка на ориентални танци. Но која била мистериозната Мата Хари? Прочитајте во редовите кои следуваат.

Разгалено детство

mh01

Мата Хари била родена под името Маргарета Гертруда Целе на 7 август 1876 година во Леуварден, Холандија. Таа била галеното дете Адам Целе, трговец со шапки, кој на својата ќерка често ѝ купувал скапи подароци како минијатурна количка влечена од јарци. Маргарета го минувала своето детство во релативно изобилство, кога смртта на нејзината мајка и банкротот на татко ѝ предизвикале распаѓање на семејството

Нејзиниот жвот како жена на офицер

mh02

На деветнаесетгодишна возраст, Целе се омажила за воениот капетан Рудолф Маклеод (задниот ред, втор од лево) по само шестодневно додворување, и со него отпатувала во Холандска Индија. Тој бил коцкар и имал навика да пие и физички и вербално да ја злоставува. Исто така имал и сифилис, за кој тврдел дека е дијабетес. Од бракот имале две деца, од коишто ниедно не го дочекале полнолетството. Нивниот син умрел под мистериозни околности, при што според некои извори смртта се припишува на неговиот слуга.

Егзотичен танц

mh03

Кога се развеле, Маклеод го презел старателството на нивното преживеано дете, а Маргарета се преселила во Париз. Почнала да се издржува со позирање гола и проституирање, по што на крајот станала танчерка. Го искористила големиот интерес кој во Париз во тоа време владеел кон сѐ што е „егзотично“ и „ориентално“, создавајќи танц кој имитирал некои карактеристики на Гандрунг, јаванска уметничка форма со која таа површно се запознала додека живеела во Холандска Индија со Маклеод.

Окото на денот

mh04

Маргарета го погодила соврешеното време за својот танц и Париз набргу ја прифатил новата личност која таа си ја создала за себе. Си го смислила уметничкото име Мата Хари, што на малајски значи „око на денот“. Кога се прославила, таа си создала нова, измислена биографија, според која таа била индиска принцеза која кришум во храмот ги учела светите танцови. Иако кога се појавувала во јавноста носела костими припиени за телото, нејзините танцови ги изведувала сосема гола.

Профитабилна дејност

mh05

Како што растела нејзината популарност, Целе за свој менаџер го вработила Габриел Аструк, кој ѝ организирал настап во музичката сала Олимптија за богата сума од 10 000 франци. Не, не секој бил маѓепсан од нејзината изведба. Прима балерината Карлота Замбели којашто некогаш ја делела сцената со Целе, се пожалила: „Таа е толку индиска танчерка, колку што сум јас кинеска келнерка!“

Пари за разузнавање

mh06

Колку што била позната како танчерка, Мата Хари исто толку се прославила и како куртизана, имајќи голем број љубовници од високиот офицерски ешалон. Тоа била една од причините поради која го привлекла вниманието на германската, како и на француската влада. Кога избила Првата светска војна, таа настапувала во Германија. Иако по раѓање Холанѓанка, Целе била сметана како француски граѓанин и сиот нејзин имот бил запленет. Германскиот конзулат не сакал да ѝ исплати надоместоци за нејзината загуба, но ѝ понудил пари за шпионирање на Французите.

Агент на Германија и Франција

mh07

Додека беснеела Првата светска војна, Целе започнала да го привлекува вниманието и на француското воено разузнавање. Дејствувајќи по дојава од страна на италијанската влада, Французите започнале со процедури за нејзино депортирање од земјата. Наместо да си замине, Целе ги убедила Французите да ѝ плаќаат за доверливи информации за Германците. Таа барала големи суми пари и од Германците, и од Французите, и продолжила со своите шпионски дејствија и кон двете земји.

Уапсена и погубена

mh08

На 13 февруари 1917 година Целе била уапсена откако Французите дознале дека таа е германски шпион. За време на судењето во јули истата година таа била обвинета дека де директна причина за смртта на 50 000 француски војници. Нејзината репутација на жена со слободен морал исто така работела против неа и сите молби за помилување поднесени од нејзините бивши љубовници биле одбиени. Целе била осудена на смрт со стрелање поради шпионажа, а пресудата била извршена на 15 октомври во Венсе. Инсистирала да се соочи со смртта без превез на очите, и пред да истрелаат од своите оружја, на војниците им испратила бакнеж со раката.

Теории за жртвен јарец

mh09

Според една популарна теорија, Целе била искористена како жртвен јарец кој требало да послужи како покритие за други шпиони вметнати во француското разузнавање, или пак дека нејзината смрт требало да послужи како одвлекување на вниманието од бројните француски жртви на бојното поле. Нејзиното вистинско влијание и ефикасност како шпион често биле доведувани во прашање. Иако таа дефинитивно имала контакти со военото разузнавање на двете страни, тешко е да се определи до која мера била вовлечена во тајните кругови и активности. За време на судењето самата Целе признала дека примила пари од Германците, но до самиот крај цврсто стоела на тоа дека не пренела никакви корисни информации.

Наследството на Мата Хари

mh10

Вината на Целе до ден денес е предмет на дебата и контроверза, а документите кои би можеле да ја докажат нејзината невиност ќе станат достапни за истражување следната година. Озлогласеноста на Мата Хари како двоен шпион траела долго по нејзината смрт, и била портретирана во филм од 1964 година, во кој била играна од славната Грета Гарбо. Нејзиното име со години било синоним за заводливост и интриги.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено