Бебето било оставено во розева кошница пред храмот Срибунруанг во близина на границата меѓу Тајланд и Бурма. Еден локален жител го здогледал бебето покрај патот, обвиткано во памучна ткаенина во мала розева кошница. Се смета дека било оставено од неговата мајка, неколку дена по раѓањето. Тој го однел бебето во храмот, каде неколку монаси почнале се грижат за него. Монасите отпрвин не знале како да чуваат толку мало бебе, но подоцна многу се приврзале за него и го нарекле Адван.
Адван сега има 6 месеци. Тие го одгледуваат и го следат секој негов чекор, со порака дека и покрај неговата тажна судбина, тие имаат обрврска пред Бог да го заштитат малечкиот Адван. Веруваат дека можеби е божја желба штом малечкиот бил оставен токму пред нивни порти, оттаму тие и го поистоветуваат со Мојсеј, еврејскиот пророк, водач и ослободител.