Оваа шармантна жена од Новента Вичентина, Италија се вика Ирма и има 93 години. И покрај нејзината возраст, таа е полна со енергија и желба да го промени светот на подобро. Таа одлучила да оди во Кенија за да им помогне на децата во домот за сираци. Нејзината внука ги споделила фотографиите од нејзината баба на нејзината Фејсбук страница и оттогаш старицата ги освојува срцата на луѓето низ светот.
Не е важно кој си и што правиш, никогаш не е предоцна да одвоиш дел од своето време за да го направиш светот подобар. Убаво е да се видат луѓе кои стануваат пример со тоа што прават вистински добри дела. Елиса, внука на Ирма, напишала дека нејзината неуморна баба одлучила да оди на долго патување. Но, таа не сакала да оди на одмор, туку сакала да стане волонтер во домот во Кенија.
„Ирма отсекогаш го сакала животот и никогаш не била спречена од препреките на животот“, напишала нејзината внука. Таа знае како се чувствуваат луѓето во најтешките моменти и секогаш се обидувала да им помогне на другите. Ирма го изгубила својот сопруг на 26 години, а подоцна и едно од нејзините три деца. Нејзиниот живот не бил лесен и таа отсекогаш се потпирала на сопствената сила за да успее.
Пред многу години таа се запознала со отецот Ремигио, мисионер кој го поминал својот живот за да им помогне на луѓето од Кенија. Ирма го поддржувал многу години. Откако слушнала дека отецот Ремигио бил хоспитализиран, одлучила да го посети и сите места што ги изградил за време на неговиот живот, како што се болниците, сиропиталиштата и детските градинки.
Сега, во Кенија, Ирма им помага на децата колку што може. Таа ги учи англиски и математика во училиштето во Малинди. Таа донела игли, конци во различни бои, ножици и лепила за да направи разгледници и подароци како оние што ги прави дома во Италија.
Желбата за живот и енергијата која ја има Ирма се неверојатни. Нејзината возраст никогаш не ја спречува да се вози на мотор. И покрај сите тешкотии со кои се соочува, таа продолжува да ужива во животот. Ирма планира да остане во Африка неколку недели, но постои можност таа да сака да остане таму до крајот на животот.
Таа секогаш ги учела своите деца и внуци да им помагаат на другите. Нејзината внука Елиса волонтирала во бегалски кампови во Грција во 2016 и 2017 година. Делата на Ирма инспирираат илјадници луѓе ширум светот.